Од 1992 година црквата се наоѓа во списокот на „Светското наследство на УНЕСКО“ како дел од комплексот „Историски споменици на Новгород и околината“. Храмот исто така се наоѓа на списокот на културното наследство на Руската Федерација под број 5310033042.
Архитектура и историја
Црквата е висока 38 м, изградена е од камен и има пет куполи. Ја изградил меѓу 1045 и 1050 година, новгородскиот кнез Владимир Јарославич на место на поранешна црква која во X век ја изградил Јоаким Корсунијан. Со исклучок на црквите во Шоана и Архиз, претставува најстара црква во Русија која и денес е во употреба.
Од XII до XV век била духовно и културно средиште на Новгородската Република, а во текот на Втората светска војна тешко настрадала. Во советско време била музеј, а во 1991 година ѝ била вратена на Руската православна црква. Како дел од стариот град на Велики Новгород, во 1992 година влегла во Светското културно наследство на УНЕСКО.