Следниве земји и територии користат средноевропско време само зиме, помеѓу 1:00 UTC на последниот ден недела од октомври 1:00 UTC на последниот ден недела од март:
Пред Втората светска војна, Литванија користела средноевропско време (MET) во периодот од 1920–1940 г. За време на војната Германја го имплементирала ова време во сите окупирани територии. Во Франција, Белгија, Холандија и Луксембург средноевропското време било задржано. По војната, Монако, Шпанија, Андора и Гибралтар го прифатиле средноевропското врме.
Ирска и Обединетото Кралство експериментално го прифатиле средноевропското време во периодот од 1968–1971; меѓутоа овој експеримент се покажал непопуларен и краткотраен, главно заради зголемениот број на сообраќајни несреќи (деца настрадани одејќи на училиште) во мрачните зимски часови. Португалија го користела средноевропското време во периодот од 1966–1976, и повторно во периодот од 1992–1996.
Средноевропското време во Африка
Алжир и Тунис користат средноевропското време во текот на целата година.